skopje fixie logo

Добро дојдовте

ние сме skopje fixie,

Зачувај како слика
Напомена: боите на мониторот и во живо не се секогаш исти (во живо се подобри)
Зачувајте ја сликата (ја имате во downloads) и пратете ни ја на skopjefixie@gmail.com за да дознаете цена

Формирано во истоимениот град

од ентузијасти кои имаат желба да ја доближат оваа култура до секој љубител на возењето велосипед. Водени од нашата цел, да гледаме сè повеќе колористични и елегантни велосипеди на нашите улици и улиците на секој град. Наша идеја е да ги донесеме, да ги составиме, а вие да ги возите најсимпатичните и наједноставните велосипеди на еден град.

Со тоа поставивме можност: составете и возете го вашиот уникатен, оригинален велосипед.

Фикси-велосипедот се разликува од другите велосипеди по тоа што има фиксирана ѕвезда директно на задното тркало, тоа значи дека педалите се вртат сè додека се движи велосипедот или се врти тркалото. Секако дека имате можност да го возите и како кој било друг велосипед. Тоа значи дека секој наш велосипед доаѓа со free wheel + fixed cog.

Промената е едноставна, доколку моментално ви е адаптирано на фиксирана ѕвезда, само извадете го задното тркало, завртете го од другата старана и повторно монтирајте го. Така ќе добиете едноставен градски велосипед, со free wheel.

Вам ви останува да изберете како ќе го возите велосипедот. Можете да го менувате кога сакате и колку сакате.

Можноста на оваа култура и на фикси-велосипедите е да имате уникатен едноставен, а различен од другите велосипед. Затоа поставивме конфигуратор на нашата страница. Тука можете виртуелно сами да ја направите вашата комбинација (што одговара на вашиот темперамент и карактер) – а ние да ја реализираме.

Имате можност да ја употребите вашата креативност/имагинација и сами да составите велосипед.

Со тоа ќе добиете велосипед што го имате само вие, уникатен и лесен за одржување. Возењето е едноставно, лесно и без никаков напор. Мoделите се унисекс и прилегаат и на двата пола.

Портфолио

Погледнете дел од нашиот возен парк

Делови

Честo Поставувани Прашања

Фикси-велосипедот доаѓа со комплет кочници, напред и одзади, изборот е ваш дали сакате да имате само напред, само одзади или и двете. Во ниеден случај цената не варира поради тоа.

Работиме исклучиво со нови делови и нови рамови, склопуваме исклучиво нови фикси- велосипеди, по ваш избор.

Полните гуми се буквално полни, а лесни се исто колку и гумите со внатрешна. Полните гуми, за разлика од оние со внатрешна, не се пумпаат, не издишуваат и не се дупнуваат.

Откако ќе го нарачате, потребни ни се 7 до 10 дена да го склопиме, да го штелуваме и да го испорачаме онаму каде што вам ви одговара.

Секогаш сме расположени да експериментираме со нови комбинации, доколку имате некоја желба и идеја, слободно контактирајте нè, ќе ви кажеме што е можно да се направи, секогаш има отстапки за ентузијасти со нови идеи.

Тоа зависи од многу работи, ние би можеле да ви дадеме совет за тоа дали можете и што ви е потребно вашиот велосипед да го направите фикси.

Ги продаваме сите делови што се потребни за фикси-велосипед.

Имаме оставено неколку примероци од велосипедите во „Ultra Design Shop“. Таму можете да ги погледнете и да ги пробате.
Локација - погледнете подолу на мапата.

Контактирајте не